Утрински Весник
Македонија

Викендот над 100.000 луѓе влегле и излегле преку Табановце

Tabanovce.jpg
Dik 300x250 mk

Изминатиот викенд на граничниот премин Табановце во државата влегле и излегле над 102.000 патници, соопштија денеска од МВР. Летниот период е зголемена фреквенцијата на и онака најфреквентниот премин во државата.

На 17-ти август (сабота) влез /излез оствариле 57.579 патници, а возила околу 15-20.000, додека на 18-ти (недела) влез/излез оствариле 44.721 патник, а возила околу 14.000, без да се земат предвид товарни моторни возила Денеска, од полноќ до 09.00 часот влез оствариле 1.953, а излез оствариле 1.947 патници или вкупно 3.900 патници, информираат од МВР.

За време на работните денови граничниот премин го минуваат околу 6.500 до 7.000 возила, додека за викенд бројот се зголемува.

Во функција се ставени сите човечки и технички капацитети, со цел овозможување на побрз проток на патници со запазување на целокупните безбедносни проверки, додаваат од полицијата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме модел кој гради, обединува и носи резултати

Кривична пријава против поранешен директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата”

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините