Утрински Весник
Македонија

КОНЕЧНО ПРИСТИГНА ГОЛЕМОТО ОСВЕЖУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Вечерва температурите се пониски дури и за повеќе од 10 степени

Gfs 1 12.png

Почитувани, конечно после многу долг период, пристигна долго очекуваното големо освежување на времето во Македонија. Денес од пладневните часови, па се до вечерва во најголем дел од Македонија имаше пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На повеќе места процесите беа застапени во форма на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Најмногу дожд до вечерва наврна во Демир Капија, дури 36 л/м2.

Во продолжение, на табелата можете да ги погледнете и температурите измерени вечерва во 20 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР

Кога ќе ги видиме измерените температури од вечерва, можеме да заклучиме дека истите се пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имавме изминатите денови, па  и во текот на денешниот ден.

Можете да прочитате

Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството

Рударството се наметнува како нов двигател на македонскиот извоз 

Директор на Државниот инспекторат за земјоделство обвинет за поткуп од 100.000 евра