Утрински Весник
Балкан

Гром уби жена во Превала, на косовската страна на Шар Планина

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Жена на 64-годишна возраст денеска загина откако ја удри гром во туристичкото село Превала, во регионот на Брезовица на косовската страна на Шар Планина.

Жената по потекло од Урошевац била една од петте лица кои денеска на пладне биле погодени од гром. Таа починала во болницата во Призрен.

– На 18.08.2024 година околу 12:14 часот во полиција е добиена информација дека во Превала гром удрил во пет лица. Една од жртвите, 64-годишна жена од Урошевац, била во потешка состојба, починала во ургентниот центар на Регионалната болница во Призрен, соопшти портпаролот на полицијата за призренскиот регион, Шаќир Битиќи

Можете да прочитате

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија