Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Белоруски војници се распоредени долж целата граница со Украина

20240818121341 Big 730x400 44.webp.webp

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека Украина распоредила повеќе од 120.000 војници долж границата со Белорусија и дека како одговор Минск испратил воени формации долж целата своја граница, јавија руските медиуми. 

Лукашенко, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека границата меѓу Белорусија и Украина е минирана „како никогаш досега“ и дека украинските војници ќе претрпат огромни загуби доколку се обидат да ја преминат. 

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман