Утрински Весник
Македонија

Генерал – мајор Сашко Лафчиски ќе ја преземе должноста началник на генералштабот на Армијата

20240817154713 Big 730x400 88.webp.webp
Dik 300x250 mk

На Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска во Охрид ќе се изврши церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата од досегашниот началник на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на новопоставениот началник на ГШ, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во петокот (16 август) во пресрет на Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за началник на Генералштабот на Армијата.

-Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции, соопшти Кабинетот на претседателката. 

Можете да прочитате

Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, следува пријава

Излезноста до 9 часот е 2,88%

Во Берово утрово – 1 степен, максималната дневна 23 степени