Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мицкоски падна уште на првиот тест за политичка одговорност 

Venko Fokus 1 1.jpeg

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот „Фокус” зборува за актуелните политички настани во земјава, во мандатот на Владата на Христијан Мицкоски. Филипче оценува дека во првите два месеци од мандатот на владата на Мицкоски, тој падна на првиот тест за политичка одговорност. 

„Мицкоски ветуваше дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност доколку се докаже дека работел спротивно на правилата и законите. Тој ова го има повторено стотици пати пред да ја преземе власта, а веќе во првиот случај кој предизвика меѓународен инцидент, постапи спротивно на овој принцип. Во случајот со обезбедувањетона Гаши има јасно утврдена одговорност кај Претседателот на Собранието од страна на Министерството за внатрешни работи. Во својот извештај, МВР вели дека обезбедувањето на Гаши било незаконски испратено на аеродромот. Ова не го констатирам јас или јавноста, туку самото министерство што значи дека имаме чисто утврдена одговорност. Мицкоски падна на првиот тест кога не иницираше смена на Гаши со што го погази принципот кој толку силно го промовираше” вели Филипче за Фокус. 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека тоа е една од причините зошто разочарувањето од новата Влада е големо. 

„Тие ги погазија основните вредности и принципи со кои ги придобија гласачите. Го напаѓаа СДСМ дека се однесува поданички кон ДУИ, но тие и покрај огромното мнозинство се во ситуација да замижуваат пред незаконските дејствија од албанскиот коалициски партнер. Да не ги споменувам и скандалозните назначувања кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги одобруваат”-изјави Филипче во интервју за неделникот „Фокус”.

Можете да прочитате

(Видео) Огромни колони од Гостивар кон превој Стража

Полицијата ги бара двете лица кои со шок-бомби предизвикаа пожар во Капиштец

Гаши ги отфрла обвинувањата за злоупотреба на службено возило при патувањето во Косово