Утрински Весник
Магазин

Грозјето со неверојатни здравствени придобивки

24 Groz E.jpg

Иако летото ни носи многу разновидно овошје и зеленчук, многумина најмногу се радуваат на грозјето. Овие слатки топчиња од различни бои го штитат здравјето на луѓето ширум светот.

Покрај тоа што е исклучително вкусно, грозјето може да се пофали и со неверојатни хранливи вредности, а листата на здравствени придобивки расте секоја година.

Витамини и минерали за целото тело

Без оглед на видот на грозје што ќе го одберете, тоа ќе го освежи вашето тело и ќе му ги даде потребните витамини. Овие летни бобинки се богати со витамини А, Б6, Б и фолна киселина, а 100 грама грозје ќе задоволи 25 проценти од препорачаната дневна количина на витамин Ц.

Покрај тоа, грозјето содржи манган и калиум, што помага при намалување на крвниот притисок, поддршка на депресијата и зајакнување на имунолошкиот систем.

Грозјето го чува здравјето

Кардиоваскуларниот систем најмногу користи од антиинфламаторните и антиоксидантните својства на грозјето – полифенолите од грозје помагаат на телото со намалување на штетните наслаги на крвните садови и помагаат на срцето да работи подобро.

Грозјето има низок гликемиски индекс, а неодамнешните истражувања сугерираат позитивен ефект на грозјето врз регулирањето на нивото на шеќер во крвта.

Сто грама свежо грозје содржи само 69 калории, 0,72 грама протеини, 0,16 грама маснотии, 18,10 грама јаглени хидрати, 0,9 грама диетални влакна и 15,48 грама овошен шеќер.

Бројни студии покажаа дека црвеното вино – кога се консумира во умерени количини – го зголемува нивото на ХДЛ („добар“ холестерол) и го намалува нивото на ЛДЛ („лош“ холестерол) во крвта. Важно е да се напомене дека семките и лушпите од грозје содржат најбогата концентрација на антиоксиданси.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста