Утрински Весник
Свет

Пожар во историска зграда во центарот на Лондон, околу 100 пожарникари на терен

20240817162215 Big 730x400 43.webp.webp

Околу сто пожарникари од петнаесет противпожарни служби го гаснат пожарот што избувна денеска на покривот на културниот центар Сомерсет Хаус во срцето на Лондон, објавија британските медиуми, повикувајќи се на објава на противпожарната служба на британската престолнина на „Х“.

-Причината за пожарот сè уште не е позната, се вели во соопштението на лондонската противпожарна бригада. Екипите се борат со пламените јазици, кои се локализирани на дел од покривот, се додава.

Зградата, која се наоѓа на брегот на реката Темза, била изградена во 1547 година, а во тоа време била кралска палата. Галеријата Courtauld, во која се сместени некои од најголемите уметнички колекции во светот, се наоѓа во нејзиното северно крило.

Според информациите на ТВ каналот Скај њуз, денеска во Сомерсет хаус треба да се одржи брејк денс фестивал.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk