Утрински Весник
Македонија

Таравари: 9 нови лекови се на позитивната листа, за 6 месеци следува уште едно проширување

16082024 Taravari.jpg

„Мене ми е посебно чест да ви кажам дека после 2009 година, само во 2014тата имало само еден лек, но сега се проширува позитивната листа со 9 нови лекови кои што се скоро неизбежни за повеќето болести во државата, вели министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на ЈЗУ УК Дигестивната хирургија во Скопје.

Министерот Таравари посочи дека ќе ја потпише одлуката денеска за проширување на позитивната одлука.

Така што ќе имаме нови антихипертензиви, нови антикоагуланси, нови антидепресиви. Јас денеска штом се вратам од тука, ќе ја потпишам, бидејќи во Управниот одбор на ФЗО вчера е поминато по наш предлог на Министерството за здравство. И ова е вест која што вреди да се прошири и каже, а ние ќе продолжиме вака, рече министерот и додаде дека за 6 месеци повторно ќе се разгледаат можностите за ново проширување на позитивната листа за да им се олесни на пациентите.

После 6 месеци планираме да ја прошириме плус листата со уште неколку лекови, меѓутоа ќе треба со директорот на Фондот да седнеме, да видиме што се можности уште неколку лекови да бидат на позитивна листа и да им олесниме на главните во нашиот ресор, а тоа се пациентите, а сите сме потенцијални пациенти.”

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје