Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за ,,повреда на правата од работен однос”

Img 9281 Scaled.jpeg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против М.Б. и М.С. поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело ,,повреда на правата од работен однос” по член 166 од Кривичниот законик.

Првопријавениот М.Б. – виш полициски советник за контрола, надзор и превенција на полицијата, стандарди и управување со квалитет во БЈБ, а во моментот на сторување на делото на работно место државен советник – шеф на кабинет на Министерот за внатрешни работи и второпријавената М.С. – началник на Сектор за управување со човечки ресурси, стручно оспособување и усовршување во Оддел за правни работи и управување со човечки ресурси, не придржувајќи се на законските одредби од Законот за внатрешни работи, кои се однесуваат на засновање на работен однос, повредиле, одзеле или ограничиле право што на работникот му припаѓа.

Имено, М.Б., свесно и со намера да не се склучи договор за работа помеѓу Министерството за внатрешни работи и С.Т. од Прилеп, на 27.10.2023 издал наредба на второпријавената М.С. да го повлече веќе изработениот, потпишан од Министерот за внатрешни работи и заведен во писарницата на МВР, договор за работа на С.Т., а второпријавената М.С. постапила по издадена наредба од првопријавениот и го повлекла веќе изработениот и потпишан договор за работа.

Можете да прочитате

(Видео) Два месеци трае голготата на семејството Јанкови по исчезнатата Злата

Лекарска комора истакна три приоритетни реформи на средба со министерот Таравари

И ДЕНЕШНИОТ ДЕН ЌЕ БИДЕ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ: Сепак, попладне, особено во источните предели се очекува локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме