Утрински Весник
Македонија

Вкупно 53 пожари на отворено вчера, 12 сѐ уште активни

Pozhar 8.webp.webp

Вкупно 53 пожари на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од нив во моментов, 12 сѐ уште се активни, шест се под контрола, а 35 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното, три од активните пожари се на територија на општина Македонски Брод. По два се водат како активни во општините Кичево и Чашка. Огнените јазици се активни и во регионот на општините Дебар, Долнени, Новаци, Пласница, Ресен.

Од оние пожари под контрола, првиот е во општина Демир Хисар, на Илинска – Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, каде опожарена била ниска вегетација. Вториот е во општина Битола, на територија на село Острец, каде опожарени биле сува трева и густа мешана шума. Мешана шума била опожарена и во пехчевското село Негрово, како и на територија на општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше. Под контрола е ставен и пожарот на депонијата во општина Делчево. Букова шума горела меѓу селата Болно и Илино во ресенскиот регион.

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри