Утрински Весник
Скопје

Мицкоски: Арсовска во разумен рок да се зафати со решавања на проблемите во градот Скопје

Grad Skopje 4 678x381 1.jpg

Скопските градоначалници вчера едногласно побараа Владата да им ги одземе ингеренциите на Град Скопје за претпријатијата „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ и истите да им ги довери на самите општини поради нефункционалноста на терен. Денеска пак премиерот Христијан Мицкоски рече дека сака да и даде разумен рок на градоначалничката Данела Арсовска, градот да почне да си ја врши работата, улиците да не тонат во ѓубре, тргајќи ги настрана како што рече меѓусебните политички недоразбирања. Иако зборуваше за разумен рок, Мицкоски потенцираше дека проблемите во градот мораат да бидат час поскоро решени.

„Ние дадовме разумен рок градот конечно да се зафати со решавање на проблемите, да влезе во процес на решавање на проблемите, тоа што го очекуваат граѓаните. Доколку тоа во тој разумен рок не се случи ние мораме да преземеме дејство, ние не можеме како Влада да бидеме неми и да гледаме како градот се гуши во ѓубре, како имаме расипани автобуси на секој чекор, како 17 пати се менуваат директори на јавни претпријатија и така натаму и така натаму, улиците и булеварите ни се со дупки не се реконструкираат, не се прави ништо, ние мораме да преземеме нешто бидејќи тие граѓани нас ни ја дале довербата и ние мораме да ја оправдаме. Затоа во разумен рок очекувам Градот конечно да почне да си ја работи работата. И ова нема никаква врска со политичките недоразбирања кои ние ги имавме со градоначалничката Данела Арсовска“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Николоски: Автобусите за ЈСП ќе се плаќаат на осум рати во четири години

Ќе има привремен прекин на работата на жичарницата на Водно, еве кога ќе продолжи со работа

Д-р Чибишев: Воздухот во Скопје е три позагаден од дозволеното, на отворено носете маски, дома – прочистувач