Утрински Весник
Скопје

Митески најавува решавање на проблемот со хаварисаните возила во Општина Аеродром

01.jpg

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на денешната теренска посета заедно со инспекциските служби од општината, најави решавање на проблемот со хаварисаните возила што со години узурпираат јавни површини и зафаќаат паркинг-места со што го попречуваат секојдневието на аеродромци.

Во текот на денешната акција, согласно со законските регулативи, оставени се околу 60 опомени за отстранување на хаварисаните и нерегистрираните возила од јавните површини.

Хаварисаните возила треба да се отстранат во рок од 7 дена од добиената опомена. Во спротивно, ќе бидат дислоцирани од страна на надлежните служби на трошок на сопствениците, а во наредниот период вакви опомени ќе добијат сите хаварисани возила на ниво на целата територија на Општината.

Со оваа акција се очекува да бидат ослободени од 100 до 150 паркинг-места во Општината, што дополнително ќе придонесе за намалување на недостигот на паркиралишта.

Митески апелира до граѓаните на совесно однесување и ги потсетува дека паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането со закон. Хаварисаните возила, покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност како за граѓаните, така и за животната средина.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да престане да се крие зад институцијата Град Скопје и да ја користи како нејзин личен инструмент

Скопје утрово прв град во Европа по загаденост на воздухот – Трет во свет

Герасимовски: Реконструкцијата на „Елисие Поповски“ обезбедува современа и функционална инфраструктура