Утрински Весник
Македонија

МЖСПП: Законите за Охридското Езеро и Kањонот Матка и Студенчишко Блато поминаа само прво читање во Собранието

Ka On Matka.jpg

Во врска со информацијата што вчера се појави по медиумите дека Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 13.08.2024 г. ги усвои посебните закони со кои три природни локалитетети во земјава: Охридското Езеро, Kањонот Матка и Студенчишко Блато добиваат посебен заштитен статус, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Предлог законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата се во редовна постапка на усвојување и дека се поминати на двете матични работни тела на Собранието: Комисијата за транспорт, дигатална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија на Собранието на РСМ, кои констатираа дека предлозите се прифатливи. Предлозите поминаа и прво читање на пленарна седница на Собранието и се во понатамошна постапка во матичните работни тела на Собранието.

Можете да прочитате

СДСМ: Институции и и фирми добиле налог дека мора да работат преку Алта банка

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац