Утрински Весник
Македонија

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Pozhar 9.webp.webp

Пожарот во селата Цера и Пресека повторно е надвор од целосна контрола, информираше градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Тој преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека иако вo раните утрински часови, пожарникарите од Македонска Каменица и Кочани добиле воздушна поддршка од еден полициски хеликоптер, пожарот се уште е активен поради засилениот ветар од пладневните часови.

Куќите во Јангелковци кои беа загрозени вчера, се спасени. Но, поради се позасилениот ветер и непристапниот терен за делување од копно, сега постои реална опасност од ширење на пожарот кон маало Стамболии во село Цера. ТППЕ Кочани наведуваат дека првично биле активни два одделни пожари. Едниот во село Пресека, а другиот во село Цера. Потоа, истите се спојуваат во еден пожар на доста широка територија и огнената стихија досега однела над 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума, посочува Атанасовски.

Од рано утрово на терен, покрај екипи на ТППЕ-Македонска Каменица, доброволци и локално население од село Цера, во акцијата за гасење на пожарот се вклучени Тппе Кочани,  ДПД Кочани, ДПД САСИ Македонска Каменица, вработени во ЈП „Национални шуми“ и други екипи.

Атанасовски потенцира дека во текот на утрешниот ден како што наведува се очекува да се вклучат и доброволци од институциите во Македонска Каменица.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје: Еден мотоциклист лишен од слобода за безобѕирно возење

На почеток на сезоната се копа во срцето на Охрид

ВЛЕН: Кој од ДУИ денес има интерес, и колку е платен, за да брани босанска фирма која со години не градела ништо, а чинела милиони?