Утрински Весник
Македонија

Скопските градоначалници: Во Скопје срамота е да дојде турист, Арсовска не блокирала на телефон

20240814130347.jpg

Градот Скопје на секој чекор прераснува во дива депонија. Во Скопје е срамота турист да дојде, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Немаме комуникација ниту поединечно како колеги, градоначалничката нè блокирала на телефон, но немаме ниту службена комуникација, не знаеме како да функционираме, кажа Висар Ганиу.

Потребата овие две претпријатија да се поделат меѓу општините е долги години наназад, рече градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски

Скопските градоначалници, здружени преку ЗЕЛС, едногласно бараат Владата да ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, да назначи владин повереник и да почне трансформација на претпријатијата со која надлежностите би се поделиле по скопските општини.

Причината за ова, велат е алармантната состојба со хигиената во Скопје. Најавуваат дека уште денеска ќе испратат писмен допис до премиерот Христијан Мицкоски и до министерот за животна средина Изет Меџити и очекуваат нивното барање итно да се најде на наредната владина седница.

„Одговорно тврдиме како градоначалници со дополнително зголемување на надлежностите за овие две претпријатија ќе дадеме барем за двојно поголема работа од ова сега. Во моментов, на 50 степени, нема општина во Скопје каде контејнерите каде не се преполни со ѓубре, нема паркови кои не се обраснати со трева, нема населени места по руралните средини каде кантите не стојат по неколку денови итн. Затоа сметавме дека најалармантна е состојбата со овие две претпријатија и затоа едногласно бараме одземање на ингеренциите и започнување на процес на расформирање на овие две претпријатија и предавање на обврските на секоја општина. Во Скопје, во 21 век, на секој чекор прераснува дива депонија. Во Скопје е срамота турист да дојде“, кажа Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС.

Можете да прочитате

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција