Утрински Весник
Македонија

Се доделуваат 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии во Солун

Stipendii Student.jpg

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски“, за студии од втор циклус за пан-европската извршна МБА програма со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, која се реализира во Солун, Република Грција.

Стипендиите се доделуваат под покривителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и се однесуваат за академската 2024/2025 година, за следните насоки: општ менаџмент; маркетинг; финансии; менаџмент во логистика; менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.

Вредноста на една стипендија е 14.890 евра и ги покрива трошоците за уписнина. Половина од средствата, односно 7.445 евра ги обезбедува македонската Влада преку Министерството за образование и наука, а останатата половина Сити Колеџ – Европски кампус на Универзитетот Јорк. Патните трошоци, сместувањето и другите дневни трошоци се на товар на кандидатот.

Сите дополнителни информации за условите, критериумите и потребните документи за аплицирање можат да се најдат во конкурсот кој е објавен на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 13 септември 2024 година.

Можете да прочитате

14-годишник избоден седум пати со нож – МВР не гледа обид за убиство

Владината реконструкција влегува во Собрание – Седница за новите министри на 13 јули

Трет голем пожар избувна во Штип, евакуирани работници од „Албатрос“