Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Александар Николоски е новиот Чак Норис, за два месеци направи пат кој велеше дека не е до никаде

Image 2024 08 14 122752869.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Александар Николоски е уште еден политичар кој е новиот Чак Норис во владата на Мицкоски. За време на изборнат камапња Александар Николоски жестоко критикуваше дека патот Градско-Дреново не е до никаде, за денес да објави фотографија дека е речиси готов.

Кога СДСМ објави видео од речиси завршениот пат а министерот Бочварски и противкандидатот на Николоски, претседателот Филипче се возеа по делницата, Николоски објави слики од разрушени карпи како доказ дека СДСМ лаже. Сега Николоски со практично идентични снимки од СДСМ се фали дека го завршил патот.  

Лицемерието на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ и потребата да се фалат со проекти на СДСМ наликува на сцена од комедија. Патот Градско-Дреново е целосно резултат на работата на СДСМ и Николоски може единствено да оди да се слика кога тој ќе биде пуштен во употреба.

Да се потсетиме што објави СДСМ и како реагираше Николоски

Видео СДСМ: https://www.facebook.com/watch/?v=969038917956653

Реакција Николоски: https://www.facebook.com/NikoloskiA/videos/3388041284823848/

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Како за 24 часа градот стана 7-ми најзагаден во светот?

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“