Утрински Весник
Македонија

Продолжува гасењето на пожарот кај кочанското село Пресека, пожарникарите добија поддршка од хеликоптери

Pozhar.webp.webp

Противпожарните единици од Кочани и регионот во текот на ноќта и од утрово продолжија со гасењето на шумскиот пожар што вчера го зафати атарот на кочанското село Пресека на Осоговските Планини, а се прошири и кон селото Цера во општина Македонска Каменица.

Проблем во интервенцијата е стрмниот и непристапен терен, поради што пожарникарите утрово добија и поддршка од воздух. Огненените јазици, кои со помош на ветерот достигнуваат и над 20 метри, веќе опустошија околу 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума, како и нискостеблести растенија.

-Се обидуваме пожарот да го ставиме под контрола, на одделни позиции успеавме, но сепак тоа сè уште не е задоволително. Се работи за два пожара, од страната на селото Цера и овој откај Пресека кои се споија во еден, но успеавме огнот од церската страна да го изгаснеме. На одредени места, пред сè долови и засеци што се искачуваат од речното корито од страната на Пресека, сè уште има сериозни жаришта. Утрово добивме поддршка и од хеликоптерите што ги координира ЦУК. Нашата единица е овде со две екипи и две противпожарни возила, а помагаат и колегите од Виница, од Македонска Каменица, од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, вработени во шумското стопанство, како и месно население, истакна Сашо Мијалов, заменик командир на ТППЕ – Кочани.

Со интервенцијата на пожарникарите кај Пресека ноќеска била отстранета опасноста за викендичка во која престојувале луѓе. 

Пожарникарите очекуваат до крајот на денот пожарот да биде целосно локализиран и ставен под контрола, но како превентива од повторно разгорување можно е една екипа да остане и во текот на вечерта.

Можете да прочитате

Се судрија четири возила на експресниот пат Штип – Радовиш

Полицајци пукале и бркале камион со дрва додека едно лице ги фрлало дрвата од камионот и го попречувале патот

Скопјанец пронајден починат во парк близу Скопје