Утрински Весник
Свет

Израелски воздушни удари врз Газа откако Хамас лансираше ракети кон Тел Авив

Napad Gaza Oktomvri 2023 Vikipedi A.jpg

Ракета лансирана од Појасот Газа се урна во близина на Тел Авив, а одговорноста за нападот ја презеде вооруженото крило на палестинската организација Хамас, соопшти израелската армија.

ретходниот напад со ракети на исламистичкото движење кон Тел Авив беше пред повеќе од два месеци.

Бригадите на Из Ад-Дин Ал-Касам, вооруженото крило на „Хамас“, денеска соопштија дека лансирале „две ракети М90 кон Тел Авив и неговите предградија“ од Појасот Газа. Од своја страна, израелската армија соопшти дека „идентификуваниот проектил од Појасот Газа паднал во морската зона на централен Израел“, на околу 70 километри од палестинската територија.

Ова лансирање се случи по објавата на Израел во четвртокот дека испраќа преговарачи за обновување на мировните преговори во Газа. Хамас, од друга страна, соопшти дека повеќе го преферира планот во три фази за постигнување на трајно примирје, предложен на крајот на мај од американскиот претседател Џо Бајден, „наместо дополнителни преговори“.

Денеска, најмалку 19 Палестинци загинаа во израелски воздушни удари врз Газа, при што шест лица загинаа при напад врз Деир ал-Балах, меѓу кои и мајка и нејзините две бебиња, близнаци стари четири дена. Седуммина Палестинци загинаа при напад врз куќа во кампот Ал-Буреџи. Четворица загинаа при удар врз кампот Ал-Магази во централниот дел на палестинскиот енклава, а двајца при напад врз станбена зграда во градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа.

Израелската армија, „Исламски џихад“ и „Хамас“ соопштија дека водат борби во неколку региони на Газа. Израелските вооружени сили соопштија дека убиле вооружени Палестинци и демонтирале воени структури во Кан Јунис, откриле оружје и експлозиви во Рафа и спровеле напади врз ракетни поставки и снајперисти во централниот дел на Газа.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков