Утрински Весник
Македонија

Ахмети тврди дека Македонците нема да постојат ако не соработуваат со Албанците

D0b0d185d0bcd0b5d182d0b8 D0b7d0b0 D0b4d0b2d0b0d0b5d181d0b5d182 D0b3d0bed0b4d0b8d0bdd0b8 D0b3d0b8 D180d0b5d0b0d0bbd0b8d0b7d0b8d180d0b0 63cd8d1da58ee.jpeg

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во своето обраќање на денешната свечена академија по повод одбележувањето на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор порача дека сопственоста на држава за која се размислувало во 90тите години треба да се заборави затоа што како што рече, заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото.

„Македонците како нација можат да напредуваат само во добра комуникација, хармонија и однос со Албанците. Во спротивно, ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците. А ова не ви го кажувам само овде, им го кажав на сите политички претставници на македонската заедница. Само со нас, со соработка и заеднички живот можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат. Така што, нека биде ова комеморација на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор кој има посебна заслуга за тоа што оваа земја не беше поделена, не се раздели, затоа што не прифати ОВК, туку прифати целосен договор меѓу двете заедници и малите заедници во нивните области каде што живеат. Затоа, ние го штитиме, се бориме овој договор ниту да биде прекршен ниту загрозен, затоа што е спас и за Албанците и Македонците како две најголеми заедници“ порача тој.

Со посебен настан ДУИ и коалицијата Европски фронт денеска го одбележаа денот кога пред 23 години беше потпишан Рамковниот договор.

Истовремено со прославата Владата на Македонија одржа свечена седница на која свои обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер Изет Меџити.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот