Утрински Весник
Македонија

Дваесет и три години Охридски рамковен договор – годинава со две паралелни одбележувања

Ohridski Ramkoven Dogovor.webp.webp

Со одделни настани на власта и на албанската опозиција денеска во Скопје ќе бидат одбележани 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

Владата ќе ја одбележи годишнината од Рамковниот договор со свечена седница во 13 часот на која, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и првиот заменик премиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Настанот ќе се пренесува во живо на фејсбук и на јутуб-каналот на Владата.

Претходно, во 10 часот во Клубот на пратениците во Скопје, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде одржана Панел дискусија на тема „23 години од Рамковниот договор, децентрализацијата останува предизвик”, на која покрај вицепремиерот Меџити како паналисти се најавени и министерот за локална самоуправа Златко Перински и професорите Ризван Сулејмани, Нано Ружин, Африм Османи и Бујамин Бела.

Меџити вечер ќе организира и свечен прием во Музејот на современа уметност во Скопје.

Одделна прослава, пак, ќе организира Европскиот фронт, предводен од ДУИ. Тие 23- годишнинита од Охридскиот рамковен договор, ќе ја одбележат со настан насловен „Академија за легитимитет“ што ќе се одржи напладне во хотелот Александар Палас во Скопје. 

Можете да прочитате

Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса

До четврток сончево и многу топло, потоа промена на времето

Кучиња скитници низ Скопје – повеќе граѓани искасани вчера