Утрински Весник
Македонија

Владата со итни мерки поради топлотниот бран

499495 Toplo Vreme Do Krajot Na Mesecot.jpg

Министерството за здравство ја информираше владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од 2 дена и тоа во периодот од 12.8.2024 до 13.8.2024 година (понеделник и вторник).

Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението ќе се преземаат акции предвидени за ФАЗА 2 – ПОРТОКАЛОВО НИВО на топлотни бранови.

Согласно ова, Владата донесе дополнителни мерки за превенција, и тоа:

1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениеето: бремените жени и лица на возраст над 60 години во периодот од 12.8.2024 до 13.8.2024 година (понеделник и вторник). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Можете да прочитате

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година