Утрински Весник
Македонија

Повеќе инциденти синоќа во Тиквешијата

Policija 3.jpg

Физички напади и нарушување на јавен ред и мир се дел од инцидентите во Тиквешијата кои биле пријавени синоќа и рано утринава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во полициската станица во Кавадарци, вчера во 20:20 часот било пријавено дека на излез од градот, кај „Полигон 15 Јануари“, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу З.Р од Кавадарци и К.К. од Неготино. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што констатирале дека К.К. бил под дејство на алкохол. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 20:25 часот, З.Р., на возраст од 43 години од демиркаписко село, на полициски службеници од полициската станица во Неготино им пријавил дека бил физички нападнат од страна на К.К, 34-годишно лице од Неготино, додека во 20:30 часот во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека во близина на основно училиште во градот, лицата Н.Н.(23), неговата мајка Д.Н. (47) и неговата братучетка И.В. (30), сите од Росоман, биле физички нападнати од страна на неколку лица.

Рано утрово во 02:30 часот во полициската станица во Кавадарци, С.П., на возраст од 47 години, пријавил дека во дворот од семејната куќа во кавадаречко село, дошле лицата А.Ѓ и В. С. од Кавадарци и физички го нападнале.

Денеска во 04:20 часот, од страна на полициски службеници од ОВР – Неготино, на градскиот плоштад во градот, било затекнато лицето Ј.Н., на возраст од 22 години од Неготино, кое, во видно алкохолизирана состојба, го нарушило јавниот ред и мир.

Од Миистерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Пехчево

Скопјанец приведен за изнуда: Полицијата спречи исплата од 7.000 евра

Владата ја разреши ревизорката Верзиволи, на нејзино место именуван е Арбен Рамадан