Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица кои се барале по потерница

Rjmet Apsenje 333811.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 09.08.2024 година во 17,40 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР  Скопје, во село Студеничани,скопско, приведено е лицето М.А.(41) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница а по Наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 15.03.2024 година за приведување поради сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик на РСМ – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и истиот е осуден на казна затвор во траење од седум години и шест месеци, при што за доиздржување има уште една година, шест месеци и 20 дена.

Лицето е предадено во ПС ОН Драчево за понатамошна постапка. Денеска (10.08.2024 година) од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Д.Д.(39) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница а по Наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 26.06.2024 за Бегство од Казнено поправна установа Идризово, каде издржувал казна за сторено кривично дело по член 247 став 3 од Кривичниот законик на РСМ – “измама”, осуден на казна затвор во траење од пет години и девет месеци.

Лицето е предадено во ПС Аеродром за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Сообраќајот се одвива непречено, патот Прилеп – Битола времено затворен од попладне

СДСМ бара ЈО да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра во Пошта

За Нова година ќе имаме екстремно ниски температури