Утрински Весник
Македонија

Три возила се судрија кај Тетово, меѓу повредените и дете

Polici A 4.jpg

Три возила учествуваа во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово-Брвеница.

Несреќата, според информациите од МВР, е помеѓу „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.К.(56) од село Горна Речица, тетовско, со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(36) од село Желино, тетовско, како и паркирано патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, сопственост на М.Ќ.(38) од село Боговиње, тетовско.

Во несреќата од движечкото возило „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички – З.Р.(52) и една малолетничка, додека со телесни повреди од истото возило се здобиле возачот Б.З. како и уште две негови сопатнички – Р.З.(34) и Р.З.(26) сите од село Желино.

Повредите се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово

Можете да прочитате

Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица

Детската клиника бележи најдобри резултати во историјата – најниска смртност од 2009 година

Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември”