Утрински Весник
Магазин

Човекот кој не го пуштија да се качи на авионот што се урна во Бразил: „Само Бог знае како ми е“

Let Brazil.jpg

Десетина патници биле спасени оти чекале на погрешна порта и го пропуштиле летот на авионот што вчера се урна во Бразил, а загинаа сите 61 патник и членовите на екипажот.

„Ми рекоа, господине, нема да се качите во овој авион бидејќи веќе го надминавме ограничувањето за влез“, рекол маж кој бил во групата за бразилскиот „Глобо“, пренесе „Си-ен-ен“.

Патниците го молеле персоналот на аеродромот да ги пушти да се качат во авионот, но им било кажано дека нема да можат.

„Само Господ знае како се чувствувам“, рекол мажот за тамошните медиуми откако дознал дека авионот се урнал.

„Фала богу што не се качивме во тој авион“, додал.

Адријано Асис, од Рио де Жанеиро, за влакно ја избегнал смртта кога не му бил дозволен влез во патничкиот авион, ја пренесува „Индиа тудеј“ неговата приказна.

Откако дознал за несреќата, Асис го побарал работникот во авиокомпанијата и го прегрнал.

„Го гушкам затоа што си ја заврши работата. Да не ја завршеше својата работа, можеби немаше да го направам ова интервју денес“, рече тој.

Размислувајќи за инцидентот, Асис го признал својот првичен испад. Човекот кој некогаш бил цел на неговиот гнев, сега е негов спасител.

„Зборував од лутина, но ова момче, не му го знам ни името, навистина ми го спаси животот“, рече тој.

Можете да прочитате

Поранешна хигиеничарка во хотели: Никогаш не треба да пиете кафе во вашата соба

Како да спречите отекување на нозете во лето?

Најпознатиот руски астролог тврди дека овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат огромна среќа до крајот на летото