Утрински Весник
Свет

Трагедија во Грција: Маж почина по каснување од пајак

20220621 Kolku Chinat Lezhalki I Chador Na Plazhite Niz Grcija M.jpg

Маж кој бил каснат од отровен пајак во Пиргос, на западот на Грција, починал како последица од каснувањето. 48-годишниот маж дошол во болница со страшни болки во ногата, но не знаел дека бил каснат. Претходно бил прегледан од приватен ортопед, кој го испртил во болница.

Здравјето на човекот се влошило еден ден подоцна, тој развил симптоми кои потсетуваат на каснување, а медицинскиот персонал вложил напори да го одржи во живот.

И покрај натчовечките напори на персоналот, пациентот на крајот не успеа да издржи. За жал, тоа беше нешто што се знаеше од самиот почеток. Ваквите инциденти не завршуваат добро. Се трудевме многу, велат од болницата.

Медиумите јавуваат дека мажот кој бил на одмор во Грција бил каснат високо кај бутот од ногата, но не забележал кога бил каснат.

Од описот мислиме дека се работи за каснување од кафеав пајак. Не постои противотров и неговиот развој е генерално доста брз, иако на почетокот не изгледа дека е ништо сериозно. Има ненадејно влошување 72 часа по каснувањето, велат од болницата.

Кафеавиот медитерански осамен пајак е малку проучен. На предниот дел од телото има изразен белег кој наликува на виолина.

Активен е ноќе, додека дење се крие под камења и лисја.

Можете да прочитате

Патнички авион со 62 лица се урна во предградие на Сао Паолo – погоди неколку куќи

Во Бразил се урна патнички авион со 62 патници

Израелската армија започна нова воена операција во Кан Јунис