Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне на повеќе места пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Soncevo Park.webp.webp

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=7

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло, а во деновите од викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки