Утрински Весник
Македонија

Во гаснењето на пожарот кај Дебар вклучени два „ер трактори“

20240808122459 Big 730x400 33.webp.webp

Во гаснењето на големиот пожар кој од вчера беснее кај дебарското село Татар Елевци, денеска се вклучени и два „ер трактори“, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро.

– Во договор со Центарот за управување со кризи, и Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето на пожарот се вклучија и два „ер трактори“ и се надеваме истиот во текот на денов да го ставиле под контрола. Бидејќи имаше опасност да се прошири до селото, најпрво гасневме на северниот дел, каде е ставен под контрола, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на Територијалната против пожарна единица.

Додаде дека дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и жители од село Горно Косоврасти, кои и вчера гаснеа, денеска се ангажирани од наутро од 3 часот.

Станува збор за недостапен предел, стрмен предел, под падините на планината Дешат.

Пожарот до сега зафатил над 30 хектари нискостеблеста шума и трева.

Можете да прочитате

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели