Утрински Весник
Балкан

Момче во Косово нашло паричник со 2.500 евра и го предало во полиција

Screenshot 20240807 222106 Messenger.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дванаесетгодишно момче во Скендерај во полициска станица предало паричник со пари и документи кои ги нашол на улица.

Б.А. добар пример за граѓанин, се вели во соопштението на косовската полиција.

Добар пример за дванаесетгодишниот граѓанин Б.А од Скендерај, кој вчера вечерта пронашол паричник кој веднаш го предал во Полициската станица во Скендерај“, соопштија од полицијата.

Полицијата ја проверила документацијата во паричникот и утврдила дека покрај важната документација во паричникот имало и парична сума од 2500 евра.

„Полицијата го идентификуваше и верификуваше лицето на кое му припаѓал паричникот и му го врати со парите и документацијата“, соопштија од полицијата.

Можете да прочитате

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес