Утрински Весник
Македонија

(Фото) Завршија гужвите за издавање лични документи

Whatsapp Image 2024 08 07 At 13.39.26 6a238e74.jpg

Со привршувањето на летото, полека но сигурно завршија и гужвите на пунктовите за вадење на нови лични и патни исправи.

Екипата на 24инфо.мк денеска беше во просториите кај МТВ каде граѓани доаѓаа да се фотографираат или да подигнат лични документи.

Она што можеше да се забележи е дека се се одвиваше во најдобар ред, односно без гужви и турканици како шти беше до пред месец и половина.

Граѓаните кои беа расположени за разговор велат дека брзо завршиле по она што имаат дојдено.

Очигледно екот на летните одмори, но и фактот што нашинците од дијаспората полека заминуваат од државата го сторија своето, па сега на шалтерите на МВР нема долги колони кои годинава често пати ги гледавме.

Сепак, и покрај тоа што се намалени гужвите за изготвување на одреден документ по редовна постапка се чека 30ина денови.

Можете да прочитате

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“

Пратениците на Левица со транспарент „НАТО убива за профит“ додека генералниот секретар Руте говореше во Собранието

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија