Утрински Весник
Балкан

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да ја поддржиме косовската полиција во случај на немири

20240807093730 Big 730x400 31.webp.webp

Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека внимателно ја следи безбедносната состојба на северот и дека, доколку е потребно, ќе ја поддржи косовската полиција во одржувањето на јавниот ред и мир и во случаи на немири.

„ЕУЛЕКС останува внимателен и во согласност со безбедносниот механизам на три нивоа за реагирање на Косово, подготвен е да ја поддржи косовската полиција доколку е потребно и неопходно да придонесе за одржување и подобрување на јавниот ред и безбедност во случаи на граѓански немири“, според одговорот на ЕУЛЕКС до РТВ 21 .

Таа мисија соопшти дека во согласност со својот мандат, продолжува внимателно да ја следи безбедносната состојба на Косово, пренесе Бета.

„Конкретно, со цел да се добие увид во ситуацијата, полициската единица на ЕУЛЕКС, која се состои од 105 полски полицајци, спроведува мобилни извидувачки патроли 24 часа на ден, вклучувајќи го – но не ограничувајќи се на – северот на Косово“, соопшти ЕУЛЕКС.

Тие додадоа дека безбедноста на сите заедници во Косово е нивен главен приоритет.

Во Косово за денеска е најавено отворање на мостот на Ибар, поради што можни се протести и во северниот и во јужниот дел на Митровица.

Можете да прочитате

Дедото на Данка: Ми кажуваат дека внуката е во Дизелдорф

Бран протести во Србија против ископ на литиум, в сабота најавен масовен протест во Белград

Силен земјотрес на Халкидики, бил почувствуван и на Тасос