Утрински Весник
Македонија

Таравари именува нови директори на здравствени установи

Islituvawe Na Vodi.jpg

Д-р Владко Захариев е назначен за в. д. директор нс Клиничката болница во Штип, д-р Башким Шабани за в. д. директор на Клиниката за урологија во Скопје, а Муемет Демири за в. д. директор на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје, соопшти Министерството за здравство,

Министерот за здравство Арбен Таравари изминатите неколку дена именувал уште седум нови в. д. директори на јавни здравствени установи, меѓу кои i Маја Цветановска-Трајковска на Општа болница Кичево, Владимир Бунчевски на Општа болница Струга, Севдије Коџа на Општа болница со проширена дејност Дебар  и Арбен Лабеништа на Здравствен дом Струга.

За директор на Психијатриска болница Демир Хисар  е именуван Жан Лозановски, за директор на Центар за јавно здравје Куманово  Херољинд Сакипи, а за директор на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево е назначен Благоја Китановски.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема