Утрински Весник
Магазин

Јадранското Море станува тропски топло со температури од 30 степени

3a1j2h3lft Foto Doktorka Predupreduva Vnimavajte Zarazno E Devojki Se Zarazile Na Jadransko More Po Teloto Im Se Sirat Krasti.jpeg

Јадранското Море на италијанска страна годинава во јули достигна рекордна температура од 30 степени, а во некои делови и повеќе, што доведе до исчезнување одредени видови риби.

Според „Гардијан“, топлината на морето и слабите струи придонеле за широко распространета пролиферација, особено во северните и централните области на Јадранот, на муцилагин или слуз, густа, лигава бело-жолта супстанција формирана од разни микроалги што се акумулира на морското дно.

Оваа слуз е релативно уникатна за Јадранот на италијанската страна и има тенденција да се акумулира повеќе кога морето не добива доволно хранливи материи од реката По, која се влева во Јадранот на север.

Последен пат оваа супстанција толку значително се појавила во 1989 година, особено во водите на крајбрежните градови во регионот Емилија-Ромања, поради што туристите заминуваат.

Таа е многу опасна за риболов, ги блокира рибарските мрежи.

Можете да прочитате

Доброто расположение ќе го обележи овој ден: Дневен хороскоп (06.08.2024)

Кои се трите најзначани иновации во последната деценија што може да го сменат животот на подобро?

Август ќе биде најтешкиот месец во годината за овие три знаци