Утрински Весник
Балкан

Во Србија ќе биде претставен тим здравствени експерти кои имаат за цел – анализа на последици за здравјето од ископ на литиум

Srbi A.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Србија денеска ќе биде претставен тим од здравствени експерти за да анализира последици по здравјето на луѓето од ископувањето литиум. Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар во изјава за РТС ги замоли граѓаните „да не наседнуваат на непроверени приказни“.

Лончар додаде дека денеска ќе биде претставен медицински тим и дека во него ќе бидат вклучени епидемиолози, доктори по медицина на труд и други експерти.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во саботата во Лозница изјави дека е заинтересиран за заштита на здравјето на луѓето во врска со ископувањето на литиум во долината Јадар и дека дури потоа ќе може да се разговара понатаму. Потоа најави формирање здравствено-медицински тим што ќе се справува со евентуални здравствени последици

Можете да прочитате

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес