Утрински Весник
Свет

По ураганот Деби, на брегот на Флорида е пронајден кокаин вреден повеќе од милион долари

Screenshot 2024 08 06 085604.jpg

Ураганот Деби донесе повеќе од силни ветришта и бура на Флорида, бидејќи пакувања со кокаин вредни повеќе од еден милион долари, исто така, дојдоа на копно, соопштија официјални лица. Тоа е најновото во низата неодамнешни откритија на дрога долж брегот на Флорида.

Деби која стигна на Флорида како ураган од прва категорија, но оттогаш е намалена на тропска бура, ја исфрли дрогата на брегот во Флорида Кис, напиша на социјалните мрежи вршителот на должноста, шефот на американската гранична патрола Семјуел Бригс II.

„Ураганот Деби донесе 25 пакувања кокаин на плажа во Флорида Кис“, напиша Бригс, објавувајќи фотографии од пакетите. Во пакувањата имало 32 килограми кокаин. Бригс додаде дека дрогата, чија улична вредност е над 1 милион долари, ја пронашол човек кој ги контактирал властите.

Наоди на кокаин на или во близина на брегот на Флорида, држава недалеку од карипските транзитни центри за шверц на дрога од Јужна Америка во САД и Европа, се доста чести. Така, во јуни минувачите пронашле околу 30 килограми кокаин како лебдат во океанот на брегот на Флорида Кис.

Претходно истиот месец, нуркачите пронајдоа 25 килограми кокаин на длабочина од околу 30 метри од Ки Вест, пренесува Си-би-ес Њуз.

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман