Утрински Весник
Македонија

Средба на спикерот Гаши со новата заменик-амбасадорка на САД, Варнс

20240805165443 Big 730x400 18.webp.webp

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари средба со новоименуваната заменик-амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Никол Варнс.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата на која присуствувала и америкaнската амбасадорка Ангела П. Агелер, е разговарано за досегашната поддршка од САД за Северна Македонија во сите клучни процеси за нашата земја по осамостојувањето.

Гаши и посакал добредојде во земјава, добро здравје и успешна работа на новата заменик-амбасадорка Варнс.

Тој се заблагодарил за соработката и поддршката од САД, за која посочи дека има стратешко значење и долга историја, почнувајќи од независноста на земјава до нашето членство во НАТО.

Претседателот на Собранието изразил уверување дека односите меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжат да се развиваат во истиот дух.

Исто така, биле разменети и мислења за можностите за продлабочување на соработката на парламентарно ниво, преку билатерални посети и црпење на искуства од американскиот Конгрес. Во тој контекст, претседателот Гаши упатил на потребата од јакнење на надзорната улога на Собранието во однос на извршната власт, посочувајќи на практиката за јавно сослушување во Конгресот на САД.

Амбасадорката Агелер му се заблагодарил на Гаши за неговиот ангажман откако беше избран за претсеадател на законодавниот дом, истакнувајќи дека Собранието игра мошне значајна улога за јакнење на довербата на граѓаните во институциите на државата.

Како што се наведува во соопштението од Собрание, соговорниците разговаарале и за состојбите во образовниот процес во земјава, за можностите за реформи во таа сфера и за преземање конкретни чекори за јакнење на довербата меѓу заедниците.

Можете да прочитате

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година