Утрински Весник
Македонија

Од денеска во Скопје хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите

20240805094452 Big 730x400 49.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие. 

Акцијата е во координација на Коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална полициска организација.

Хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донираат и врати и прозорци, што е планиарно за втората фаза од акцијата.

Според организаторите, се водела голема Фејсбук кампања за отворањето на хуманитарниот пункт. Веќе имаат собрано лекови и се надеваат дека за четири до пет дена ќе се координираат сите со автомобили и со комбиња за да ги однесат до семејствата. 

Ги повикуваат сите граѓани да дојдат со своите донации, кои потоа ќе бидат однесени до семејствата кои се загрозени од пожарите.

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот