Утрински Весник
Свет

Хамас започна процес на консултации за избор на нов лидер

Hamas.webp.webp

Палестинската милитантна група Хамас, која управува со Појасот Газа, синоќа соопшти дека почнала „широк процес на консултации“ за избор на нов лидер на движењето, по убиството на Исмаил Ханија, пренесуваат британските медиуми.

Порталот Њуараб пренесува дека се разговара за неколку потенцијални наследници, а меѓу нив најистакнат е Калед Мешал, кој беше беше лидер на групата пред 2017 година.

Втор потенцијален кандидат за раководство на Хамас е Халил Ал Хаја, кој е на позицијата заменик лидер на регионалното политичко биро на Хамас во Газа, а претходно имаше клучна улога во преговорите за прекин на израелскиот напад врз Газа во 2014 година.

Порталот го споменува и Муса Абу Марзук, кој е едно од најпознатите лица на Хамас и кој беше заменик-претседател на политичкото биро на Хамас од 1997 до 2014 година, а пред тоа живееше 14 години во САД.

Ханија беше убиен во средата во Техеран, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел.

Лидерот на Хамас беше погребан во петокот во Катар, откако претходно беше одржана погребна церемонија во Техеран.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови