Утрински Весник
Спорт

Селекторот на Јужен Судан ги нападна судиите од мечот со Србија: „Травестија“

20240804102154 Big 730x400 17.webp.webp

Селекторот на Јужен Судан, Ројал Ајви, го изрази своето незадоволство од судењето по поразот од Србија со 96:85.

-Каква травестија, каква травестија! Моите момци ги вложија срцето и душата во играта… Каква травестија! Тоа е се што имам да кажам, изјави 42-годишниот американски стручњак за литвански „Баскетњуз“.

Долгогодишниот НБА играч доби техничка грешка затоа што реагираше бурно.

-Видете ги слободните фрлања, пред се. Добија шанса да шутираат 31 пат, а ние шест. Како? Се обидов да разговарам со нив, но тие не сакаа, ми дадоа техничка. Тие беа загрижени дека целата клупа е на нозе. Беа загрижени што ја преминувам границата, а не за нивното судење. Каква врска има тоа со играта, праша Ајви.

Иако огорчен, тој ја пофали српската репрезентација.

-Моите момци се натпреваруваа. Направија се што барав, останаа на планот. (Никола) Јокиќ е одличен играч. (Богдан) Богдановиќ е одличен играч, но (само) двајца не можат да не победат. Богдановиќ имаше 30 поени, а Џокер 22 поени, а упати 12 шута од слободни фрлања. Објаснете ми го тоа, лут беше Ајви.

На Јужен Судан му недостигаа само неколку бодови за соодветна кош-разлика разлика и пласман во четвртфиналето на олимпискиот турнир. 

Можете да прочитате

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука

Меси се изедначи со Пеле по бројот на голови од слободни удари

Арсенал го доби лондонското дерби и повторно му избега на Сити