Интегрален текст од прес конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ
ЈО да не молчи, да отпочне постапка и да даде одговор каде требале да завршат 23 милиони евра по километар за пругата со тунел без крај.
Дали власта на СДС и ДУИ ја напумпала цената и кој требал да биде дел од проектот пруга кон Бугарија која завршува во тунел без крај.
Дали СДС и ДУИ имале намера преку подизведувачи да испумпаат стотина милиони евра од пругата кон Бугарија, без разлика што таа можеби со децении нема да може да профункционира.
Зошто СДС кога знаеле дека истата неможе да проработи, ја ставиле државата во обврски?
Дали СДС имале само еден единствен мотив, а тоа е да ги потрошат парите од ЕБОР и од буџетот, без разлика дали проектот на крај ќе биде целисходен или не?
ЈО да не молчи, и да постапи. На овој случај и на многу други како него ќе можат да покажат дали сакаат да се зголеми довербата на народот во правосудството или ќе паднат и под тие 2%.
Народот чека одговори, а одговорите мора да дојдат од страна на опсежна истрага.
Државата е ограбена и уништена. Одговорност за состојбите во кои е оставена земјата мора да има.