Утрински Весник
Македонија

МНР ги повика македонските државјани да го напуштат Либан и да ги одложат патувањата кон Израел 

Mnr.webp.webp
Dik 300x250 mk

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  истата да ја напуштат во првата можна прилика.  

Имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон Израел. 

Дополнително,  македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел. 

Подетални информации околу актуелните состојби во Израел можат да се најдат на следната веб страна (се отвора само преку серверите на територијата на Израел): https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx​ 

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија 075/ 273- 732 и 075/ 268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување.

Можете да прочитате

Мицкоски во дводневна посета на Обединетото Кралство

Во октомври трошоците за живот на граѓаните се повисоки за 467 денари во однос на месец септември

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000, нашата борба можеби е тешка, но е праведна