Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Ограбена држава – 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, за СДС и ДУИ било важно само да тендерираат

Brane petrushevski.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани, 

Ограбена држава – 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, предвидела претходната влада на СДС и ДУИ, за кои не е важно што нема економска оправданост, затоа што им важно само да тендерираат.

Македонија е оставена на цедило, со големи проблени, ограбена и со неплански проекти.

Не одговорен е пристапот на претходната власт да се трошат 560 милиони евра за третата делница од пругата кон Бугарија долга 24 километри.

Да, за 24 километри власта на СДС и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра.

Дали е оправдано? Секако дека не! Километар пруга според математиките на претходната власт би чинел над 23 милиони евра.

Цената на чинење е само еден од проблемите. Пругата од 24 километри, треба да има 22 тунели, од кои последниот нема излез. Да, СДС и ДУИ предвиделе пругата кон Бугарија да завршува во тунел кој нема излез, затоа што од бугарска страна нема ниту проект за истата.

Економски неоправдано е да се фрлат 560 милиони евра за пруга која завршува во тунел без крај.

560 милиони евра, можат да се потрошат на модернизација на пругата од Табановце до Богородица и истата да може да се користи од возови кои би се движеле до 120 километри на час, а би чинела 250 милиони евра, односно на половина од тоа што СДС и ДУИ планирале за 22 километри пруга со тунел без крај. 

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити