Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ги имаме сите информации за скандалот на скопскиот аеродром

Sdsm.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ очекува во најкус рок МВР и внатрешна контрола да излезат со детална информација во јавноста што точно се случило на скопскиот аердром во инцидентот со косовската Претседсателка. МВР мора да информира каква била улогата на лица од обезбедувањето на Претседателот на Собранието Африм Гаши и согласно законите да поведе постапки против оние кои ги прекршиле овласувањата. Доколку ова не го направи, тоа ќе биде јасна потврда дека се кријат фактите со цел да се заштитат меѓукоалициските односи.

СДСМ располага со целосни информации за тоа што точно се случило и доколку МВР се обиде да ги филува фактите, се ќе биде објавено. Истрагата за овој случај не треба да претставува никаков проблем за МВР и Обвинителството бидејќи аеродромот е под целосен видео надзор и без проблем може да утврдат сите детали.

Во целата оваа скандалозна и конфузна ситуација ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски молчат. Додека беа во опозиција хистеријата која ја креваа беше неподнослива, но сега се скриени во глувчешка дупка и се надеваат дека кризата ќе ги одмине. МВР наместо транпарентно да информира веднаш по настанот кој се случил утрото, чекаше медиумите да ја откирјат приказната за да пушти штуро соопштение за јавност. Ваквата нетранспарентност јасно сугерира дека идејата е да се стават работите под тепих.

Можете да прочитате

Трипуновски: Министерството ќе ја соопшти официјалната производна цена на двете најзастапени вински сорти, ниту една винарска визба не може да го направи тоа

ГОЛЕМАТА СУША И ТОПЛИНА ПРОДОЛЖУВА И ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА: Постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари

Пожарот во Косел излезе од контрола, причина е силниот ветер