Утрински Весник
Свет

САД испраќаат воени бродови и „ловци“ на Блискиот Исток

Uu 1.webp.webp

САД ќе распоредат уште една ескадрила „ловци“, како и воени бродови и инсталации за противракетна одбрана на копно во Блискиот Исток, се посочува во синоќешното соопштение на Пентагон.

Зајакнувањето на одбранбените способности во регионот следуваат по заканите од Иран и поддржаните од оваа држава групи „Хамас“ во Појасот Газа и „Хезболах“ во Либан.

Американското Министерство за одбрана презема мерки откако Техеран соопшти дека ќе преземе одмазднички дејствија по убиството на лидерот на радикалното палестинско движење „Хамас“ Исмаил Ханија, за што го обвинуваат Израел. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин го одобри испраќањето на крстосувачи и разурнувачи во Блискиот Исток.

„Остин нареди промени во распоредувањето на американските војски за да се подобри заштитата на силите на САД, да се зајакне поддршката за одбраната на Израел и да се обезбеди подготвеност на САД за реакција на сите непредвидени околности“, се вели во изјавата на Пентагон.

Можете да прочитате

Хорор во Сомалија: Најмалку 32 лица загинаа во напад на Ал Шабаб на плажа во Могадишу

Зеленски: Русија минатата недела употреби повеќе од 600 авио-бомби за напад на Украина

Најмалку 32 жртви во терористичкиот напад во Могадишу