Утрински Весник
Свет

Рекорден топлотен бран на Антарктикот, температурите значително повисоки од просечните

Antarktik Epa 2.jpg

Температурите на големи делови од ледените плочи на Антарктикот се зголемија во просек за 10 степени Целзиусови над нормалата во изминатиот месец во нов рекорден топлотен бран.

Додека температурите остануваат под нулата на поларната копнена маса, која е обвиена во темнина во овој период од годината, на јужната хемисфера, температурите достигнаа 28 степени, што е над сите очекувања.

Исто така, температурите постојано ја надминуваат границата на пораст од 1,5 степени, што се зема како најлошото сценарио за идната клима.

На Антарктикот, генерално, ваквото затоплување во зима и неговото продолжување во летните месеци може да доведе до колапс на ледените плочи, предупредува метеорологот Мајкл Дјукс за Гардијан.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња