Утрински Весник
Македонија

ОЈО поведе постапка за тешка кражба во Скопје

1708765128 ojo.jpg

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, сомненијата укажуваат дека делото го сторил во соизвршителство со уште едно лице кое е идентификувано и по кое се трага.

На 23 јули, во временски период меѓу 12 и 13 часот, двајцата со провалување насилно влегле во стан на булеварот „Трета македонска бригада“ и одзеле лаптоп компјутер, рачни часовници и други предмети во вкупна вредност од 38.000 денари.

За осомничениот 35-годишник од Прилеп кој веќе е лишен од слобода, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство.

Можете да прочитате

Десет возачи уапсени во изминатото деноноќие – седум возеле без положен возачки испит, тројца со активна забрана за управување

Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

Филипче објави Записник од седница на Владата за Алта банка: Барам оставка од Кочовска, истрага од ОЈО и за Мицкоски и вклучување на Европското обвинителство