Утрински Весник
Спорт

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

12407578.jpg

Кинескиот пливач, Жанле Пан, на Олимписките игри во Париз го собори светскиот рекорд во „кралската“ дисциплина 100 метри слободно.

19-годишниот Пан, во финалето ја растури конкуренцијата, исплива неверојатна трка која ја заврши со време од 46,40 секунди, дури 40 стотинки побрзо од сопствениот рекорд поставен пред пет месеци на Светското првенство во Доха.

По трката, Пан „удри“ по колегите од Австралија и САД. Рече дека не покажале почит кон него и неговиот тренер.

„Ова е одмазда за срамот кој го доживеавме. На првиот ден од штафетата 4Х100 метри јас му честитав на Чалмерс, но тој ме игнорираше, исто така и Американецот Алекси. Кога трениравме нашиот тренер стоеше а тие пливаа и го прскаа со вода, со презир гледаа кон нас“ рече новиот олимписки шампион.

Резултатите на останатите ја покажува доминацијата на Пан во трката, второпласираниот Кајл Чалмерс (26) од Австралија задоцни за повеќе од една секунда (47,48). Бронзата ја освои Романецот Давид Поповичи (20), кој ден претходно стана олимписки шампион на двојно подолгата патека.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари