Утрински Весник
Македонија

Во Трново утре 53. Семакедонска средба по повод Илинден

20240801101101 Big 730x400 87.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во потпелистерското село Трново утре, по повод празникот Илинден и Денот на Републиката, ќе се одржи 53. Семакедонска средба „Трново 2024“ на која, како што соопшти Матицата на иселениците на Македонија, се очекуваат Македонци од сите делови на државата и од дијаспората.

Семакедонската средба  ќе се одржи од 10.30  до 12.30 часот во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде што претходно, од  7.30 до 10.30, ќе се одржи света богослужба. 

Матицата на иселениците на Македонија информира дека 53. Семакедонска средба ќе ја отвори академик Катица Ќулавкова, а присутните ќе ги поздрават Тони Коњановски, градоначалник на Битола и  покровител на Средбата, од име на Владата на Македонија ќе се обрати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, обраќања ќе имаат организаторите, како и претставници на Македонците од соседните земји.

Можете да прочитате

Забрчанец: Кризи на максимум, промени на минимум, што навистина ќе се менува во 2026?

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени